-->
-->
Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев
-->
Поранешниот премиер Никола Груевски ја повлекол тужбата за клевета и навреда против актуелниот премиер Зоран Заев, во врска со негова изјава за случајот со продажбата на „Македонска банка“.
– Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести Судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8 јануари 2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување согласно член 318 од Законот за парнична постапка, велат од Основниот суд Скопје 2.
Тужбата за клевета Груевски до Судот ја поднесе во 2014 година. Со правосилна пресуда Заев првично требаше да му плати 500 илјади евра за клевета и навреда на Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети

