-->
-->
Груевски: Ќе продолжиме успешно да чекориме по патот за развој на земјоделството
-->

Изминативе години како политичка партија, како коалиција, покажавме како политичарите треба да држат до дадениот збор. Покажавме како ветувањата се исполнуваат. Тоа е видливо во сите области, а можеби најевидентно е во земјоделството.
Ова денеска го изјави Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а на денешниот отчет потенцираше и дека огромен дел од работите во земјоделството сериозно се променети од 2006 година до денес.
-Во земјоделството, за кое до 2006 година единствена асоцијација беа проблеми и барањата на земјоделците некој да им помогне. Но од тогаш до сега, работите во земјоделството сериозно се променија. Денес прва асоцијација кај секој граѓанин за земјоделството се субвенциите во земјоделството, поддршката 50-50 за механизација и модернизација на земјоделците, инвестициите во руралните средини… Денес асоцијација за земјоделството е партнерството што за прв пат една Влада го има изградено со земјоделците. Партнерство базирано на чесен и искрен однос и желба да се помогне на секој чесен и работлив земјоделец. Заедно со земјоделците со години успешно чекориме по патот на развој на земјоделството и по тој пат заедно ќе продолжиме да чекориме и во наредниот период, изјави тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
