Груевски најави кадровски промени и освежувања, најмногу во т.н. трет ешалон
Ако ја формирате коалицијата и владата, планирате ли кадровски промени и освежувања?
-Да, планирам. И тоа најмногу во т.н. трет ешалон. Одејќи во кампањата од место до место, увидов дека во многу места има оправдан револт од т.н. трет ешалон. Некои од нив се и предолго на иста позиција и почнале да се рутинизираат и да се однесуваат премногу бирократски. Ги загубиле жарот и енергијата. Има такви и во првиот и во вториот ешалон. Има и луѓе кај кој е видлив заморот. Има и такви што ги загубиле енергијата и високата мотивираност што ја имаа. Почнале премногу административно да одговараат, без да се потрудат да им помогнат на луѓето, туку само им даваат бирократски и административни одговори. Едноставно не ,,гризаат“ како некогаш кога станува збор за работење, за помагање, за креативност во секојдневната работа, во борбата секој ден, односно и одново да се докажуваш. Имаат капацитет, имаат знаење, имаат искуство, и с` е тоа во ред. Но немаат жар, го немаат еланот од порано, не се максимално мотивирани, опуштени се. Знаете секој што не се бори за успех на институцијата што ја води, со ист елан, енергија, мотив, жар како да се бори за своја приватна фирма од која му зависи личниот опстанок, значи дека го достигнал зенитот и треба да се замени со некој друг, кој можеби во почетокот ќе е помалку искусен или ќе има нешто помалку знаење, особено она што се добива од искуството, од работењето, но ќе има жар, мотивираност, силна амбиција, ќе создаваат возбудлива атмосфера во институциите со кои раководат, ќе ги мотивираат и другите во таа институција, ќе ги раздвижат работите, ќе внесат свежина, чувство за секојдневно себе докажување и напредок, индивидуи и тим кои постојат за да создадат големи нешта и кој победува. На секое микрониво на раководење. Вакви промени ќе има многу, помал дел во првата, поголем дел во втората половина од оваа година. Ова потреба во најголем дел произлезе од одењето на терен оваа година и разговор со многу луѓе, компании или самите раководители на различни нивоа. И мои и на моите соработници теренски посети. Има и такви што треба да се сменат поради создадени лоши навики, грешки и пропусти во работата, и воедно да се даде шанса и на други од кои ќе се очекува уште поголем учинок и успех. Ова ќе биде континуиран процес, но годинава ќе има еден посилен бран освежувања.
Ново на Сител
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија