Груевски: Осуда за терористичкиот напад во Париз
Терористичкиот напад во Париз што се случи синоќа однесе огромен број жртви, тоа е грозоморен чин што го осудуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Тероризмот, потенцира Груевски, станува се поголема закана за светот вклучувајќи ја и Европа. Нема држава која што е имуна на терористички напади и секоја може да биде предмет на таков напад.
- Секоја држава треба да биде добро подготвена колку што е можно повеќе да ги превенира или да ги запре во самиот почеток пред да дојде до вакви масовни жртви и убиства како синоќа во Париз, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на село Нерези во општина Карпош.
Во телеграмата до неговиот француски колега Груевски изрази сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека македонската држава стои рамо до рамо со Франција и со сите сојузници од ЕУ и НАТО во борбата против глобалниот тероризам и против тероризмот во која било држава во Европа и во светот.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ