Груевски: Осум нови училишта ќе бидат изградени годинава
Вкупно осум нови училишта ќе бидат изградени годинава. Две од нив се почнати минатата година, а уште шест се планира да бидат изградени во текот на оваа година, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот со индиската компанија, „БРГ“, премиерот Груевски оцени дека има голем прогрес во однос на изградбата и реконструкцијата на нови училишта.
- Покрај ова, вложуваме многу и во реконструкција на училишта. Оваа година ќе има темелна реконструкција на 60 училишта и се вкупно со претходните реконструкции од минатите години ќе имаме околу 450 реконструирани училишта. Вложени се големи средства и во изградба и во реконструкција на овие објекти. Вложени се над 50 милиони евра во градба на училишни објекти и исто така огромен износ во реконструкција на објекти. Тоа ќе продолжи и во текот на 2016 година, истакна Груевски.
Тој додаде дека се обезбедени средства од буџетот за шестте нови училишта и за изградбата на двете коишто почнаа да се градат во 2015, како и за реконструкцијата на 60-те училишта за годинава.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ