-->
-->
Груевски: Оваа победа има особена важност и тежина
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/december/gruevski-5-640x366-92854.png?itok=7AdZp0Sw)
Секогаш ќе работиме во интересите на државата во корист на државните и националните интереси. Ова го кажувавме пред и сега после изборите. Секогаш сме биле и ќе состанеме на линијата на националните интереси, порача во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција на овие избори имаа исклучително тежок противник оти тоа не беше само СДДСМ и тоа сите добро го знаете, рече Груевски и додаде дека токму затоа оваа победа има една посебна тежина и важност.
-Покрај се што поминавме две ипол годни, низ што не поминавме и затоа оваа победа има особена важност и тежина. Она што е видливо веќе е дека бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е во рамки на константната поддршка која ја имаме во изминатиот период , поголеми изненадувања имаше кај албанскиот електорат. Гледаме дека СДСМ доби значителна поддршка од албанскиот електората но анализите ќе ги правиме повеќе во наредни денови и ќе извлечеме поуки од граѓаните, заклучи Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат