Груевски: Политичката борба во Собранието е борба за Македонија
Политичката борба во Собранието е борба за Македонија каква што е унитарна, целовита со ова име коешто го имаме, а на СДСМ му пречи народот и ВМРО-ДПМНЕ за да ја испорача фактурата којашто ја презеле, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски кој денеска присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје.
- Она што е очигледно е дека на СДСМ му смета ВМРО-ДПМНЕ, му смета и народот затоа што имаат преземено обврски, но не кон народот и не кон некој што ја сака државата, унитарна и цела. Имаат преземено обврски и се исплашени за нивната иднина особено нивниот лидер Зоран Заев којшто формирањето влада и прифаќањето на фактурата што треба да ја плати со задоволство ќе ја плати доколку народот не му попречи и доколку ВМРО-ДПМНЕ не е тука. За него во неговите мисли ќе значи спас од казна за она што го правеше во минатото. За неговите криминали, за неговите корупции, за неговите поткупи итн. Така што политичката борба во Парламентот не е борба за власт, таа е борба за Македонија, таква каква што ја имаме унитарна, целовита со ова име коешто го имаме или пак сменета на начин на којшто некој однадвор сака да ја смени и да ја обезличи, рече Груевски на новинарско прашање како го коментира однесувањето на СДСМ и нивните обвинувања за ненапуштање на власта.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија