Груевски: Продолжуваме со развој на туризмот, финансиска помош за изградба на селски домаќинства, велнес и спа центри
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој воедно е и носител на листата во четвртата изброна единица денес од Дојран истакна дека планираат и понатаму да останат посветени на туризмот, неговата промоција и зголемувањето на бројот на туристи.
-Ќе ги продолжиме субвенциите за привлекување на странски туристи и ќе ги зголемиме за нови 6 милиони евра, како финансиска поддршка за дополнителен број на авионски дестинации по ниски цени на билети. Очекуваме дополнителен раст на бројот на туристи. Со цел да ја распространиме можноста за занимавање со туризам за прв пат предвидуваме финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства на семејни фарми во рурални средини кои ќе се користат за туристички цели. Финансиската поддршка е во износ од 60 проценти од докажаните трошоци и ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот во селски домаќинства, истакна Груевски.
Тој додаде дека во наредните четири годишен период ќе се залагаат за стимулирање на инвестиции во модерни туристички велнес, спа и здравствени центри преку промоција на можностите за инвестирање пред домашните и странски компании. Особено, додава Груевски, ќе се презентираат поволностите кои се нудат за изградба на објекти во рамки на слободната зона.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата

