Груевски се сретна со европратеникот Фленкенштајн

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска оствари средба со европратеникот Кнут Фленкенштајн на која се разговарало за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите како и европските перспективи на Република Македонија.
Како што соопшти партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кој граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирано врз конкретна програма и проекти кои што ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за грааѓните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување на сите субекти во градењето на атмосфера за кредибилни и демократски избори.
Во однос на европските перспективи Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напорите за придвижување на состојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени со акцискиот план, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
