Груевски: Зголемени субвенциите за оризопроизводителите
Зголемување на субвенциите од 3 на 21 илјада денари по хектар предвидува новата владина одлука која денеска во Кочани ја соопшти премиерот Никола Груевски. Тој рече дека одлуката е донесена во соработка со производителите на ориз и е во склад на владината политика за постојана поддршка на оваа поледелска гранка.
- Со најновата измена на уредбата за ориз ја зголемивме дополнителната поддршка за површина со ориз од 3 на 21 илјада денари по хектар и го исклучивме скалестото намалување за оваа дополнителна поддршка. Во наредниот период 3.131 лице од производителите на ориз ќе добијат поддршка од Владата во износ од 8.000 денари и дополнителна поддршка од 21.000 денари за сите без разлика на вкупната површина на производство, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод отворањето на нова фабрика за преработка на ориз „Левидиагро“, турска браунд инвестиција од 4 милиони евра.
Се очекува одлуката да стапи на сила деновиве по нејзино објавување во Службен весник.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот