-->
-->
ГСОЛ ќе ги исплати сите побарувања на транспортерите на ФЕНИ Индустри
-->
Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ ќе им ги исплати сите средства на транспортерите на ФЕНИ, соопшти денеска компанијата.- Вкупните побарувања на транспортерите во вредност од 3,1 милиони евра се побарувања од Нова Логистик, фирма за која е се поизвесно дека влегува во стечај. Иако е надвор од законските обврски на Еуроникел, но со оглед на ситуацијата каде е извесен стечај на Нова Логистик, а со тоа дополнително ќе се влоши состојбата на транспортерите, одлучено е да се помогне максимално и да им се исплати вкупното побарување, информираат од Еуроникел.
Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдувањето на документацијата за побарувањата и потпишување на нотарски договори кои ќе бидат склучени со транспортерите. Воедно, се повикуваат транспортерите да ги отстранат блокадите и да се овозможи непречен дотур на материјалите за производство, за да може фабриката нормално да функционира.
Еуроникел, се додава, има интерес да соработува со сите страни, но нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства е приоритет.
Во меѓувреме, транспортерите на ФЕНИ и за денеска најавија нова тричасовна блокада на патот Кавадарци - Дреново
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
