„Гугл мапс“ ќе ги насочува возилата по еколошки правци
Апликацијата „Мапи“ на „Гугл“ како дел од борбата против климатските промени, ќе почне да ги насочува возачите по патиштата за кои се проценува дека најмалку предизвикуваат испуштање јаглерод врз основа на сообраќајот, падините и други фактори, соопшти компанијата.
– За околу половина од патиштата, ние сме во состојба да најдеме доволно еколошки податоци со минимално или никакво губење време, рече Расел Дикер – директор за производство.
Во соопштението се вели дека функцијата ќе биде покрената кон крајот на годинава во САД, а потоа и во други земји. Сѐ тоа како дел од посветеноста на компанијата да помогне во борбата против климатските промени, со своите услуги.
Натаму, „Гугл“ прави релативни проценки на емисиите со тестирање на различни типови возила и патишта, потпирајќи се на податоците од Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (НЛОЕ). Податоците за патот доаѓаат од проектот „Стрит вју“, како и од воздушни и сателитски снимки.
Од јуни, „Гугл мапс“ ќе почне со инструкции за возачите низ зони со ниски емисии, каде што некои возила се забранети во Германија, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија. Следните месеци, корисниците на „Мапс“ ќе можат да споредуваат автомобил, велосипед, јавен превоз и други начини на превоз на едно место, наместо само да избираат меѓу различни патишта.
Ново на Сител
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
