Гундоган стави крај на репрезентативната кариера во дресот на Германија
Илкај Гундоган ја предводеше германската фудбалска репрезентација на овогодинешното Европско првенство во таа земја, што се покажа како негов проштален турнир во дресот на „панцирите“, откако денеска објави дека повеќе не е дел од националниот тим.
Чекајќи да види каде ќе ја продолжи клупската кариера, незадоволен од идниот статус во Барселона, искусниот играч за врска реши да затвори едно поглавје од својот професионален живот и за тоа ја информираше јавноста преку својот профил на мрежата Х.
-По неколку недели размислување, донесов одлука дека е време да ја завршам мојата меѓународна кариера. Со голема гордост се навраќам наназад на 82 натпревари за мојата земја, бројка што никогаш не можев да ја замислам кога дебитирав за сениорската репрезентација во 2011. Мојот врв очигледно беше што успеав да ја предводам екипата како капитен на ЕП“, стои во објавата на сега веќе поранешниот капитен на „панцирите“, кој ја разочара нацијата со своите настапи на ЕУРО 2024.
Триесет и тригодишниот Гундоган дебитираше за Германија пред точно 13 години, но поради повреда не беше дел од тимот кој стана светски шампион во 2014 година на Светското првенство во Бразил. На 82 натпревари за Германија, поранешниот ас на Манчестер Сити постигна 19 голови.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски