-->
-->
Гутереш: Без политичко решение за Сирија и Ирак не може да се победи ИД
-->

Уништувањето на терористичката група Исламска држава е невозможно без наоѓање на политички излез од кризите во Сирија и Ирак, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
- Нема сценарио, кое ќе овозможи победа над ИД без сеопфатно политичко решение за Сирија и Ирак, истакна тој во своето обраќање на Безбедносната конференција во Минхен.
Според него, би било илузија да се смета дека е можна победа над тероризмот доколку има „незадоволно население, чии интереси не се почитуваат“.
Гутереш истакна дека главна задача е да се започне политички процес меѓу непријателските страни во Сирија. Тој изрази надеж дека следниот круг од меѓународните преговори, под покровителство на ОН, ќе се одржи на 23 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
