Гутереш по разговорот со Путин: Шансите за мир во Украина – минимални
Шансите за мир во Украина „во оваа фаза се минимални“, изјави синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
-Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека мирот може да се случи наскоро, рече Гутереш на прес-конференција.
„Немам илузии, во оваа фаза шансите за мировен договор се минимални“, рече Гутереш, додавајќи дека дури ни примирјето не е на повидок.
Гутереш додаде дека ги продолжува контактите со двете страни и дека се надева дека еден ден ќе може да се оди кон разговори на повисоко ниво.
Генералниот секретар на ОН разговараше со Путин и за извозот на руски прехранбени производи и ѓубрива.
Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери соопшти дека Путин му кажал на генералниот секретар на ОН дека украинските житарки приоритетно треба да одат во земјите каде што се најпотребни.
Кремљ, исто така, соопшти дека се разговарало и за нуклеарната централа Запорожје и за посетата на тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), како и дека Гутереш пренел дека се подготвува посета на експерти на ОН на затворот Оленивка, во источна Украина, каде десетици украински воени затвореници загинаа во бомбардирањето на крајот на јули.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник