Гутереш повикува на максимална воздржаност по иранскиот напад на Израел

Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН, им порача на земјите-членки дека повелбата на ОН забранува употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава и го осуди нападот на Иран врз Израел и предупреди на ризикот од натамошна ескалација.
Иран во саботата навечер лансираше напад со огромен број беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа седум офицери на Револуционерната гарда. Тоа беше првиот директен напад на Иран врз Израел од негова територија во историјата.
„Блискиот исток е на работ. Народот во регионот се соочува со реална опасност од разорен конфликт од големи размери. Сега е време за смиреност и деескалација“, истакна Гутереш на состанокот свикан по иранскиот напад.
Заменик-амбасадорот на САД во ОН Роберт Вуд го повика 15-членото тело недвосмислено да го осуди нападот на Иран, велејќи дека должност на Советот за безбедност е да не ги остави активностите на Иран да останат без одговор.
„Во наредните денови, и во договор со другите земји-членки, САД ќе истражат дополнителни мерки за да го повикаат Иран на одговорност овде во Обединетите нации“, рече Вуд, без да прецизира какви чекори ќе преземе Вашингтон.
„Дозволете ми да бидам јасен – ако Иран или неговите полномошници преземат дејствија против САД или дополнителни дејства против Израел, Иран ќе биде одговорен“, потенцираше тој.
Техеран вчера соопшти дека нападот е одмазда за „израелските злосторства“, односно нападот на иранскиот конзулат во Дамаск, додека Израел ниту ја потврди ниту негираше одговорноста за тој напад.
Од своја страна, иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, потенцираше дека акцијата на неговата земја била неопходна и пропорционална и рече дека, иако Техеран не бара ескалација или војна во регионот и нема намера да влезе во конфликт со САД, го потврдува своето право на самоодбрана. „Ако САД започнат воени операции против Иран, неговите граѓани или неговата безбедност и интереси, Иран ќе го искористи своето право да реагира пропорционално“, рече тој.
Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, на состанокот го обвини Иран за кршење на меѓународното право и пушти видео на таблет што, како што рече, покажува како Израел пресретнал ирански беспилотни летала над џамијата Ал Акса во Ерусалим, едно од најсветите места на исламот.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
