Гутереш предупредува на ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ на Блискиот исток
Судирите на Блискиот исток мора да престанат веднаш затоа што постои ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза“ во регионот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, отворајќи итна седница на Советот за безбедност.
„Масакрот продолжи и денеска. Овој безумен циклус на крвопролевање, терор и уништување мора веднаш да заврши”, рече тој на видео-конференцијата.
Според дипломатите, преговорите за декларацијата на Советот за безбедност се во тек, но поддршката на САД за текстот е се уште неизвесна.
„Судирите мора да престанат веднаш. Ракетите и гранатите од една страна и воздушните бомбардирања и артилерискиот оган од друга страна мора да престанат”, нагласи Антонио Гутереш.
„Конфликтите можат да ги втурнат Израелците и Палестинците во спирала на насилство со разорни последици за двете заедници и целиот регион“, продолжи тој.
Конфликтот има „потенцијал да предизвика неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза и дополнително да го поттикне екстремизмот, не само во окупираните палестински територии и во Израел, туку и во целиот регион“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути