Гутереш: Светот ќе ја изгуби кочницата за нуклеарна војна
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изрази загриженост поради порастот на тензиите меѓу нуклеарните држави, предупредувајќи дека со истекувањето на договорот за ракети од среден дострел (ИНФ) во петок вечер, „светот ќе остане без кочница за нуклеарна војна која е од непроценлива вредност“.
– Ова веројатно ќе ја зголеми, а не намали заканата која ја претставуваат балистичките проектили, рече Гутереш и додаде дека силно ги охрабрува САД и Русија да ја продолжат важноста на таканаречениот „Нов СТАРТ“ договор за да обезбедат стабилност и време за преговори за идните мерки за контрола на вооружувањето.
Гутереш исто така рече дека „го мачат“ и економските тензии меѓу САД и Кина.
Генералниот секретар на ОН предупреди на можноста да се создадат два конкурентски блокови – секој со сопствена доминантна валута, трговски и финансиски правила, сопствен интернет и стратегија за вештачка интелигенција, како и со спротивставени геополитички и воени населенија.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра