Хајнц Фишер: Путин е променет како личност
Поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се променил како личност.
Фишер кој со Путин се има сретнато осумпати, за виенскиот неделник „Профил“ дека шефот на руската држава отсекогаш далувал мошне рационално. Вели дека никогаш не се почувствувал измамен од страна на Путин.
„Мислам дека сега Путин се има променето“, додава Фишер, сметајќи дека дошло до промени на личноста.
„Путин ладнокрвно изнесува лаги“, вели Фишер оценувајќи ја како опасна путиновата реторика за воената акција.
„Не може да се рече дека Путин сака да го имитира Сталин, но тој очигледно многу има научено од него“, истакнува Фишер.
Поранешниот претседател на Австрија уште смета дека вреди да се дискутира по прашањето дали безбедносната ситуација во Европа би била подобра доколку НАТО се воздржеше од ширење кон исток.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
