Хан: Имав многу добар состанок со Брнабиќ

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната средба со српската премиерка разговараше за идните чекори во пристапувањето на Србија во ЕУ, за дијалогот Белград - Приштина и за други теми.
Хан на Твитер напиша дека имал „многу добар“ состанок со српската премиерка Брнабиќ.
Тој додаде дека разговарале за „следните чекори во пристапните преговори на Србија, дијалогот Србија - Косово, владеење на правото, ревизија на Уставот во областа на правосудството“.
- Го поздравувам формирањето на Заедничка работна група за медиумска стратегија, напиша Хан на Твитер.
Тој синоќа допатува во Белград и се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ и Хан денеска ќе присуствуваат на отворање на мост во Нови Сад, во чија изградба ЕУ вложи 30 милиони евра.
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
