-->
-->
Хан во понеделник во Србија
-->
Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан в понеделник ќе ја посети Србија, каде во главниот град Белград е предвидено да се сретне со државниот врв на оваа балканска држава. Како што јавува дописникот на МИА од Брисек, на 5 декември, Хан ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, како и со студенти и претставници на академската заедница.
Во пресрет на неговата посета на Србија, еврокомесарот Хан изјави дека „Србија припаѓа на европското семејство и прави извонреден напредок кон својата стратешка цел за членство во ЕУ“.
- ЕУ е врвен партнер на Србија во трговијата, инвестициите и во обезбедувањето на финансиска поддршка во сите сектори. Унијата обезбедува корист на српските граѓани во образованието, бизнисот, владеењето на правото, јавната администрација, патишта, мостови, заштита од поплави итн. Јас работам тесно со Србија и можам да кажам дека заедно сме посилни, како партнери и пријатели во решавањето на миграцијата, невработеноста, безбедносните предизвици и зачувување на мирот и стабилноста во регионот - изјави Јоханес Хан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија