Харадинај: На Србија не може да ѝ се верува и ако каже дека од денеска го признава Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „корекција на границата со Србија“, оценувајќи дека зад таквите идеи, кои ги поддржува и официјален Белград, пред се српскиот претседател Александар Вучиќ, се крие намерата за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната средба со подмладокот на неговата партија во Бога, во Пеќкиот регион, Харадинај рече дека не верува „во договор за корекција на границата со демаркација и со размена на територии“.
– Сето тоа се маски за поделба на Косово. Сето тоа се маски со цел таму, на другата страна, нивниот шеф на државата (Вучиќ) да каже „јас извлеков се што можев, го признаваме Косово“. Не им верувам и доколку речат „еве, денеска го признаваме“, затоа што тие не ги почитуваат договорите. Кога ќе се изнесе тоа утре во Советот за Безбедност на ОН, пак, ќе ѝ рече на Русија или на некој друг да го блокира Косово, рече косовскиот премиер.
Во таа смисла, тој нагласи дека Белград, спротивно на постигнатите договори, го попречува зачленувањето на Косово во меѓународни организации.
Поради тоа, порача Харадинај, „Косово не смее да оди по тој пат“, односно не смее да прифати разговори за наводни „корекции на границата“.
– Не. Ние се консолидираме, стануваме држава, стануваме повеќе свесни за себе, стануваме по способни, изјави Харадинај.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја