Харадинај: По санкциите на САД за Вулин, Курти стравува дека тој е следен

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска изјави дека премиерот Албин Курти, откако САД воведоа санкции за шефот на БИА, Александар Вулин, се плашел дека тој е следен.
– Верувам дека по воведувањето на санкциите за Вулин, Курти се уплаши дека тој е следниот. Да не беше тоа, Курти сè уште ќе правеше акробации на север, предизвикувајќи проблеми и инциденти, изјави Харадинај.
Тој додаде дека Курти знае дека ќе биде санкциониран доколку продолжи да го дестабилизира северниот дел на Косово.
Курти знае дека ќе биде строго санкциониран доколку продолжи со своето дестабилизирачко, непотребно однесување. Англискиот амбасадор, кој е голем пријател на Косово, рече дека не ја разбира целта на специјалните единици во општинските згради. Нема да дозволат вакво однесување, додаде Харадинај.
Тој зборувајќи за дијалогот помеѓу Косово и Србија, наведе дека отсега меѓународната заедница и САД без многу толеранција ќе укажуваат на обврските преземени со договорот.
– Не верувам дека ќе има повеќе средби. Верувам дека ќе дојдат сериозни фактори и Американците и дека без многу толеранција ќе поставуваат задачи за Косово и Србија, посочи Харадинај.
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
