Харис го поддржа укинувањето на данокот за бакшиш за услуги и угостителство
Потпретседателката на САД и демократски претседателски кандидат Камала Харис им рече на приврзаниците на митинг во американската сојузна држава Невада дека го поддржува укинувањето на данокот за бакшиш за угостителските работници, откако републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го стори тоа порано во обид да ги придобие свработените во услужните дејности.
Харис и нејзиниот потпретседател, гувернерот на Минесота, Тим Валц, во саботата ја завршија повеќедневната турнеја меѓу државите со средба во Невада, западна држава која може да одигра клучна улога на претседателските избори на 5 ноември.
Камала Харис на митингот вети дека доколку биде избрана за претседател ќе продолжи да се бори за работничките семејства, вклучително и за зголемување на минималната плата и намалување на цените.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз