Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
Претседателот на Соединетите Држави мора да ги постави стандардите, не само за нашата нација, туку и за улогата што ја игра нашата нација во светот, Камала Харис.
Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Камала Харис изјави дека нејзиниот противкандидат Доналд Трамп ја згрозува функцијата претседател на САД.
Забелешките дојдоа откако Трамп ја нарече „гаден потпретседател“ на предизборниот митинг ден претходно.
-Претседателот на Соединетите Држави мора да ги постави стандардите, не само за нашата нација, туку и за улогата што ја игра нашата нација во светот. Кога човек ги претставува Соединетите Држави, тој влегува во светските сали со заслужен авторитет и легитимитет да зборува за важноста на демократијата и владеењето на правото, рече таа.
Во саботата Трамп ја нарече Харис и најлошиот потпретседател на САД.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата