Харис веќе ја обезбеди поддршката од потребниот број делегати за да стане кандидат на Демократската партија за претседател
Американската потпретседателка Камала Харис обезбеди поддршка од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да стане претседателски кандидат, соопштија извори.
Претседателот Џо Бајден ја поддржа Харис во неделата кога тој се повлече од трката поради прашањата за неговата возраст и здравје.
Тој вети дека ќе остане на функцијата претседател до крајот на неговиот мандат на 20 јануари 2025 година. Анкетата со делегати објавена од американските медиуми, покажа дека таа има поддршка од 2.
538 делегати, што е многу повеќе од потребните 1. 976 делегати за да победи на гласањето следната недела.
Претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон вчера изјави дека партијата ќе номинира претседателски кандидат до 7 август.
Делегатите се уште можат да се предомислат пред 7 август, но никој друг не доби гласови во анкетата, а 57 делегати рекоа дека се уште не одлучиле за кого ќе дадат глас.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари