Харлем Дезир: Борбата против тероризмот да не ги ограничува човековите права
Францускиот државен секретар за европски прашања Харлем Дезир, кој говоррше пред Парламенетарното собрание на Советот на Европа во дебатата за борбата против тероризмот, смета дека борбата против тероризмот не треба да ја ограничува заштитата на човековите права, јави дописникот на МИА од Стразбур.
- Борбата против тероризмот се уште е присутна во нашите земји. Ќе биде голема грешка ако сакаме да ги спротиставиме борбата против терозимот и заштитата на човековите права, изјави Дезир.
- Наша обврска е да ги правиме двете работи. Да се бориме против тероризмот со најголема решителност и со сите потребни средства, но секогаш со оружјето на правото, со почитување на правата на човекот и фундаменталните слободи, рече францускиот државен секретар во Стразбур.
- Затоа одредбите донесени во Франција во рамките на вонредната состојба, го прилагодуваат нашето право да ја гарантираме безбедноста и слободите на граѓаните, за да ги браниме нашите вредности, нашиот модел на општетсво и демократија, потенцира Дезир.
Советот на Европа, прво преку комесарот за човекови права Нилс Мужниекс, а потоа и преку генералниот секретар Торбјорн Јагланд изразија загриженост поради вонредните мерки во Франција.
Од своја страна и ПССЕ побара од Венецијанската комисија да изготви мислење за компатибилноста на францускиот уставен закон, со кој во францускиот Устав се предвидува внесување на одредби кои се однесуваат на вонредната состојба и одземањето на државјанството, со одредбите на Европската конвенција за човекови права и нормите на Советот на Европа.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите