Хашим Тачи оддаде почит пред споменик на убиените косовски Срби
Косовскиот претседател Хашим Тачи положи свежо цвеќе на споменикот на убиените косовски Срби во Велика Хоча кај Ораховац и во Сува Река.
- Само што положивме цвеќе на споменикот посветен на 84-та српски граѓани од Косово, за да им оддадеме почит на жртвите без разлика на националноста. Тука сме за да ја побараме вистината и да побараме помирување, изјави Тачи.
Како што јави дописникот на МИА, Тачи побара што побрзо да се расветли судбината на исчезнатите и да дојде до помирување.
- Косово не треба да остане заложник на минатото, туку да ја изгради европска иднина, рече Тачи.
Тој исто така додаде дека од средбите што ги имал со семејствата на исчезнатите од сите етнички заедници, станал оптимист за можноста за помирување во Косово.
- Во текот на средбите кои ги имав со семејствата на исчезнатите, дознав една болна, но и оптимистичка вистина за иднината на Косово. Семејствата на исчезнатите ни кажаа дека болката ги обединила и сега се едно семејство кое дели болка, но и желба за помирување, посочи Тачи.
Според него, семејствата на исчезнатите се пример и за другите како треба да се соработува еден со друг, за да се изгради мост на дијалог и соработка.
Во Сува Река, Тачи положи цвеќе и на споменикот на семејството Бериша.
- Тука сме да оддадеме почит на семејството Бериша и да побараме целосна правда. Максимално ќе работиме за да се разветли иднината на исчезнатите, рече Тачи.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино