Хегсет избран за министер за одбрана на САД

– Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат од гласањето, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс.
Сите демократски сенатори гласаа против кандидатурата на Хегсет, како и тројца републикански сенатори. Вторпат во историјата за кандидат за министерско место да се одлучува со гласање на потпретседателот. Првпат се случи во 2017 година кога Бетси ДеВос стана министерка за образование.
Хегсет (44), поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, ветува големи промени во Пентагон.
Откако беше објавена неговата кандидатура, критичарите ги доведуваат во прашање неговите квалификации за функцијата, укажаа на проблематичната природа на неговиот темперамент, како и неговите минати ставови за жените во борбените единици.
За време на процесот на одобрување за неговата кандидатура, се појавија низа обвинувања против Хегсет, како за семејно насилство, а е обвинет и за прекумерно консумирање алкохол и финансиско лошо управување во организациите на ветераните.
Тој вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер и призна грешки во финансиското управување, но негираше дека сторил нешто лошо
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
