Хејли: Сите знаат дека Русија беше вмешана во минатогодишните претседателски избори во САД
Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли изјави синоќа дека Русија била вмешана во претседателските избори во САД, што беа одржани минатата година, како и во изборите во другите земји.
Таа нагласи дека, и покрај негирањата на американскиот претседател Доналд Трамп, „сите го знаат тоа“.
- Трамп на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Хамбург „сакаше да го погледне во очи и да му даде до знаење дека ние знаеме оти се вмешани во нашите избори“, наведе Хејли.
- Сите знаат дека Русија се мешаше во нашите избори, истакна американската амбасадорка.
- Тие, тврди Хејли, го прават тоа и во другите земји и на тој начин пробуваат да предизвикаат хаос во тие држави.
- И не го зборуваме тоа само ние. Мислам дека ќе ги слушнете и другите лидери да го кажат тоа, нагласи Хејли за „Си-Ен-Ен“.
Таа констатираше дека, руското демантирање е очекувано.
- Така Русија се обидува да го „сочува образот“. Не не можат, потенцираше Хејли.
Хелји беше запрашана со кои санкции би можела да се соочи Моска, таа одовори - „ќе морате да го прашате претседателот“.
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ