Македонија
5. August 2024 - 12:24

Хеликоптери го гасат пожарот во охридско

Со два хеликоптери еден на македонската полиција  и еден српски од утрово продолжува да се гаси пожарот  кај Охрид. Денеска се дејствува од воздух на пожарот помеѓу  охридските села Косел и Опеница кој беснее веќе петти ден.

Во текот на вчерашниот ден само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пожарот, а во гаснењето покрај уште еден хеликоптер дејствуваа и специјалните авиони “ер трактор”. кои полнеа вода од Охридското Езеро, во обид да се спречи ширењето на пожарите во регионот.

Градоначалникот Пецаков најави дека пожарот  кај Косел е пред елиминација благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух.
Припадници на Противпожарната единица, Национални шуми, НП Галичица, на јавните претпријатија, локално население и доброволци на терен се борат да го локализираат огнот и да се спречи негово ширење.

Инаку пожарот зафати голема површина, високо квалитетна дабова и борова шума.