Живот
12. October 2015 - 19:09

ХЕРОЈ: Учителка му го спаси животот на ученик кој се гушеше

Една наставничка стана херој во своето училиште. Причина за ова е тоа што та му го спасила животот на еден ученик во основно училиште во Мисури.
 
Гаге Донер бил осмо одделение, а започнал да се гуши од јадење слатки.
 
Камерата го снимила моментот кога наставничката му помогнала на момчето, но таа не била свесна дека нејзината брза реакција спасила живот се додека не се сретнала со семејството на момчето.
 
-Неговата сестра дојде и ме гушна за ногата, ме погледна во очи и ми рече...Ви благодарам што го спасивте брат ми, изјавила наставничката.