Хит на Интернет: Збунетиот Траволта

Кога едноставно не знаете како да го нагласите она што го чувствувате, најлесен начин е со помош на т.н. графички променливи формати (ГИФ), кои станаа многу популарни во последните неколку години.
Моментно најбаран е „Збунетиот Траволта“, ГИФ од култниот филм „Палп Фикшн““ од 1994 година, во кој Траволта се наоѓа во продавница за играчки.
- Ја прашав ќерка ми што сака за Божик? Ми рече дека сака кукла, стои во описот на ГИФ-от. Не е чудно што Траволта остана збунет, затоа што има повеќе од илјада играчки и речиси е невозможно да се избере „вистинската“, изјави авторот на овој ГИФ.
Токму тој прв „збунет Траволта“ за само неколу дена собра речиси три милиони прегледи и се прошири и прилагоди на секоја збунувачка ситуација.
Покрај тоа, објавени се и инструкции како да направите своја верзија на „збунет Траволта“.
Ново на Сител
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
