Хоџај: Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград
Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград за непризнавање на независноста на Косово и изјавата на премиерката Ана Брнабич во врска со учеството на Пришина на состанокот на високо ниво на ЕУ-Западен Балкан во Софија, изјави косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, цитиран од приштинскиот весник „Зери".
Тој вели дека Приштина ќе одговори пропорционално на тие дејствија, кои се против нормализација на односите меѓу Белград и Пришина.
Брнабич изјави во понеделникот дека е „политички нонсенс" Косово да присуствува на европската средба на високо ниво за Западен Балкан во Софија, како и тоа дека Белград ќе одлучи дали да учествува на состанокот, во зависност од потезите на Приштина за формирање на Заедницата на српски општини.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора