Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинираните граѓани на Македонија
Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Северна Македонија.
Повеќе информации за улсловите за влез во Холандија можете да прочитате нивните линкови: wijsopreis.nl и reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl
Во исто време и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање. Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот COVID сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).
Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки ко би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври. Покрај проширувањет на употребата на КОВИД сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.
На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
