Холандија повторно затворена за влез на патници од Србија и од Црна Гора
Холандија ги затвори своите граници за патниците од Србија и Црна Гора една недела откако ги отвори, наведувајќи како причина – нагло зголемување на случаи на заразени со новиот коронавирус во двете држави.
На 1 јули, Холандија ги отвори своите граници за патниците од Србија и Црна Гора и 12 други земји надвор од Европскиот блок по инструкциите на ЕУ, но како резултат на зголемувањето на заразените во двете земји, холандската влада го „симна“ од списокот на унијата.
Србија најави повторно затворање на Белград поради влошената епидемиолошка состојба, поради што во текот на ноќта избувнаа протести кои потоа ескалираа во судири со полицијата, со десетици повредени.
Претходно, Австрија издаде предупредувања за патувања до Бугарија, Романија и Молдавија.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата