Хорор филмовите го подобруваат имунитетот
Хорор филмовите влијаат позитивно на човековиот организам, затоа што предизвикуваат состојба на катарза и го засилуваат имуниот систем, велат експертите.
- Гледајќи хорор филм, ние искусуваме нешто што во вистинскиот живот едвај некогаш би го доживеале. Тоа води до катарза и не ослободува од емоции и од нашите разочарувања кои се насобрале, објаснува Марк Грифитс, психолог од универзитетот „Нотингам Трент“.
Освен тоа, страшните филмови го зајакнуваат имунитетот и ја зголемуваат отпорноста кон болести.
Професори од Универзитетот во Ковентри ја контролирале крвта на доброволци, додека пред да гледаат хорор и потоа. Резултатите по „филмската сеанса“ покажале дека во крвта на испитаниците бројот на леукоцити се зголемил.
Гледањето хорор филмови предизвикува реакција во организмот, слична на онаа при физичка борба или бегство. Во крвта се ослободува големо количество адреналин, што го активира и интензивира одбранбениот систем, па дури може и да ослабнете.
Сепак, ако се работи за некој со срцеви проблеми, таквото покачување на адреналинот е многу опасно.
Ново на Сител
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови
-
До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува
-
Избувнал пожар во женското одделение во затворот „Идризово“