-->
-->
ХОРОР несреќа за Фернандо Алонсо: „Благодарен сум што сум жив!“
-->

Првата трка од новата сезона во Формула 1, за Големата награда на Австралија, ја одбележа и страшниот инцидент кој го имаше двократниот шампион Шпанецот Фернандо Алонсо.
Од видеото може да се види дека Шпанецот едвај спаси жива глава, односно имаше многу среќа и излезе неповреден од овој инцидент.
Имено во 18-от круг од трката Алонсо имаше „хорор" превртување по кое од неговиот болид не остана речиси ништо. Се случи класичен автомобилистички инцидент меѓу Гутиерез и Алонсо, по што и двајцата веднаш ја завршија трката, со што болидот на Гутиерез мина далеку подобро.
Трката беше во прекин околу 20 минути, а по враќањето на болидите, водството го презедоа возачите на Мерцедес, Розберг и Хамилтон кои на крајот стигнаа и до еден-два победа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
