Хорор: Растроен маж тепаше се живо во трамвај во Загреб
Вистински хорор преживеаја патниците на трамвајот број 12 кој сообраќа низ Загреб во вторникот попладне кога беа мета на растроен маж.
Благодарение на брзо испратениот повик за помош, полициско возило му го попречи патот на трамвајот пред загребска Цибона, а полицајците му ставија лисици на здивениот патник. Во целиот метеж три лица се повредени.
-Влезе во трамвајот и почна по ред да ги удира патниците со тупаници и со нозе како некој манијак. Не делуваше пијано туку растроено. Полициско возило му го попречи патот на трамвајот, а полицајците влегоа и го опкружија мажот за да не им побегне. Преговараа со него 5 минути, вели патничка од трамвајот.
Една од патничките што била мета на насилникот била тинејџерка.
-Целата лева страна од лицето и беше модра, а носот крвав. Вториот пвореден патник не излегуваше од трамвајот додека не стигна итната помош. Седеше и плачеше. На третиот повреден крв му течеше од увото. Жалосно е што се случуваат вакви работи среде бел ден, вели друга патничка, видно вознемирена од нападот.
На напаѓачот ќе му биде поднесена кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а кога полицијата ќе ги добие болничките извештаи од повредените насилникот ќе биде гонет и кривично.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има