Хорор во Аеродром: Две жени и четири деца синоќа нападнати и каснати од куче
Куче скитник синоќа во неколку наврати нападна и касна две жени и четири деца во Аеродром. Шесте случаи се пријавени во Полициската станица Аеродром, а за кучето е известена шинтерската служба.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест нстани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.
Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.
Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја касналот во пределот на ногата. Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица. Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ. Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.
Од страна на ПС Аеродром за случајот е известена шинтерската служба.
Ново на Сител
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО