Хорор во Франција: Средношколец вооружен со пушка, пиштол и гранати решеташе деца низ училиште
Најмалку две лица се полесно ранети денеска при престрелка во средно училиште во градот Грас во јужна Франција, соопштија локалните власти, нагласувајќи дека не станува збор за терориситчки напад, туку „за инцидент поврзан со двјаца ученици“.
Според полицијата, вооружено лице влегло во училиштето „Токвил“ и почнало да пука, ранувајќи при тоа две лица.
Полицијата информира дека по инциднетот упасила едно лице, а по уште едно се уште трага.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, веднаш по инцидентот, специјални полициски сили пристигнаа во училиштето, а Владата преку својата апликација за мобилни телефон испрати предупредување за „напад“.
Полицијата побара од жителите на Грас, кој се наоѓа на околу 40 километри од Ница, да останат во своите домови и да не излегуваат на улица.
Според неофицијални информации, меѓу ранети лица е и директорот на гимназијата „Токвил“.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок