До крвавиот напад дошто утрото околу три часот по полноќ, во две различни одделенија. Пациентот (38) со метален држач за инфузија го нападнал својот цимер. Потоа влегол во женското одделение, каде со истиот тој држач почнал да ги удира пациентките.
Усмртил четири лица, додека деветмина ранил, од кои две паднале во кома.
Сите жртви имаат над 60 години и страдаат од различни психички проблеми.
Напаѓачот, кој во оваа болница се пријавил по своја волја, е приведен од страна на полицијата.
Во моментот кога го уапсиле, тој во рацети и натаму имал дел од држачот за инфуија со кој ги убил другите пациенти.