Хорор во Русија: Бебе оставено да поспие на тераса почина од студ

Руската полиција отвори истрага откако бебе оставено на тераса почина од студ.
Се работи за седуммесечно машко дете кое пет часа било на тераса во количка додека надвор температурата била минус 7 степени Целзисови.
Случајот е регистран во регионот Кабаровск во Русија.
Родителите наводно бебето го оставиле да спие на свеж воздух, јави Би Би Си повикувајќи се на локалните медиуми.
Министерот за здравство им порача на родителите да не ги оставаат бебињата на отворено и незгрижени.
„Секогаш треба да знаете каде ви е детето и со кого“, рече тој. Министерот додаде дека малите деца брзо може да станат жртви на ниските температури.
Причина за смртта на бебето е хипотермија, а како што јавува Би Би Си, во земјите во кои климата е постудена, вообичаено е децата да се оставаат да спијат надвор. Се верува дека така се намалува опасност од кашлање и грип.
Родителите од северните земји како Финска и Норвешка веруваат дека нивните деца подобро и подолго спијат на отворено.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
