Хорор во Велес - Ја вперил пушката кон поранешната девојка и пукал
Вчера околу 22 часот во Велес, на ул.„Благој Ѓорев“ М.Д. (28) од Велес, дошол во домот каде што престојувала неговата поранешна девојка Ѓ. Д. (37) по што од над регалот од дневната соба зел претходно оставена воздушна пушка марка „ИЖ- 38“ и во присуство на нејзиното малолетно дете почнал да и упатува закани дека ќе ја убие удирајќи со пушката по масата, потоа ја вперил кон неа и испукал еден проектил и истиот ја промашил и завршил во регалот. Потоа со пушката ја удрил во пределот на главата по што го напуштил местото на настанот.На 29.10.2016 година околу 00,30 часот М.Д бил повикан во ПС, каде бил извршен разговор по што околу 03,30 часот бил ослободен, а воздушната пушка била одземена со потврда за одземени предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници