Македонија
1. April 2021 - 19:24

Хоспитализирани 92 пациенти со Ковид-19 во Велешката болница

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 92 пациенти, од кои 77 се позитивни, осум сомнителни  и седум пациенти се со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти.

-Ова е најголем број на хоспитализирани од почеток на ковид-пандемијата. Вчера беа 88 и секој ден за жал бројот на болни се зголемува, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.

Таа соопшти дека еден пациент со  потешка слика е транспортиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

Јованова информира дека на Инфективното одделение има 54 пациенти колку што има и кревети, во модуларната болница има 30 пациенти од вкупно 47 кревети и на Интерно Б крак има  осум пациенти кои се сомнителни или се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.