Хоспитализирани нови шест случаи со голема кашлица, вкупно 746 заболени во државава

Од 7 до 13 јуни, пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
- Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје - 36 или 76,6 отсто. Пријавени се и пет случаи од Тетово, три од Куманово и по еден случај од Прилеп, Охрид и од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 35 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани, а едно лице е вакцинирано согласно возраст, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 13 јуни, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 746 случаи на голема кашлица, со инциденца од 40,6/100.000 жители.
- Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата по пол покажува дека 350 лица се од машки, а 396 од женски пол, се додава во извештајот.
Од ИЈЗ наведуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години.
Од 18 јануари до 13 јуни, дадени се вкупно 54.212 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
