Христо Иванов: Во овој парламент мора да најдеме решение за проблемот со Македонија
– Во својот говор на отворањето на 46. Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, рече дека мора да се најде решение со Република С Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со Република С Македонија во новиот парламент. Вистината, според Иванов, треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи, како што нагласи тој, тоа е бугарскиот национален стратешки интерес.
Во својот говор пред новото Национално собрание, Иванов, исто така, истакна дека нивните приоритети ќе бидат справување со новиот четврти бран Ковид-19 и борбата против корупцијата.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце