Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во Шенген зоната
Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков.
Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран.
Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци и дека ниту Хрватска, ниту Бугарија не се крајната дестинација за илегалните мигранти.
Божиновиќ и Рашков се согласија дека интензитетот на притисокот е поврзан со политичките и безбедносните околности, како и со начинот на кој се управува со миграцијата во соседните земји.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
