Хрватска го смени Ковач

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска едногласно одлучил да го смени селекторот на А репрезентацијата, Нико Ковач.
Ковач доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Незадоволството на фудбалската јавност кулминираше по нерешениот резултат на Хрватска во Азербејџан (0:0) и поразот во Норвешка (2:0).
Хрватите на две кола до крајот на квалификацискиот циклус се наоѓаат на третото место во Х групата со 15 бодови, еден помалку од Норвешка и три од лидерот Италија. Во последните две кола Хрватска ќе ја пречека Бугарија, а потоа ќе гостува на Малта.
Нико Ковач во октомври 2013 година на селекторската функција го наследи Игор Штимац, избори пласман на СП во Бразил каде Хрватска во конкуренција на Бразил, Мексико и Камерун е успеа да ја мине првата фаза.
Според шпекулациите на хрватските медиуми наследник на Ковач ќе биде Анте Чачиќ тренерот на Локомотива од Загреб.
Името на новиот селектор Фудбалскиот сојуз на Хрватска ќе го соопшти на 21-ви септември.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
