Хрватски „Агрофруктус“ најавува гринфилд инвестиции во регионот

Хрватската компанија „Агрофруктус“ најавува гринфилд инвестиции во Македонија. По минатонеделното проширување на бизнисот со аквизирањето на три помали компании во Струмица и во Ново Село, од најголемиот откупувач на овошје и зеленчук во регионот велат дека ќе се концентрираат на бизнисот со свежо и конзервирано овошје.
- Поради фактот дека Агрофруктус Група е сопственик на најголемиот и најмодерниот откупно дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук на подрачјето на Република Македонија се одлучивме за оваа аквизиција поради зголемување на расположливите капацитети, што е пократок пат за развој отколку органски раст. Овој чекор ќе означува подобра организација на целокупниот ланец од производителот до крајниот потрошувач. Окрупнувањето ќе овозможи подобра организација на работењето односно ќе се остварат синергиски ефекти и дополнително ќе се зголеми конкурентноста. Планот за идниот период е да продложиме со активностите во насока на понатамошна концентрација на бизнисот со свежо и конзервирано овошје и зеленчук преку органски раст, нови аквизиции и гринфилд инвестиции во регионот, вели Тања Занова, управител на Агрофруктус, Струмица.
„АгроФруктус група“ ги аквизираше фирмите „Вант“ дооел, „Еуро-агрија“, Ново Село и „ВБА ФУТУРА“ дооел, Струмица со пазарна вредност од околу 6,5 милиони евра и годишен откуп од 20 илјади тони свежо овошје и зеленчук. Оттаму велат дека ланската година ја завршиле според планираната динамика.
- Не сме незадоволни со минатогодишната сезона, ги остваривме нашите планови и реализиравме успешна консолидација во работењето и сега сме подготвени за повеќекратен раст . Агрофруктус Група годишно откупува повеќе од 100.000 тони овошје и зеленчук, објаснува Занова.
Најголемиот дел од откупените свежо овошје и зеленчук патуваат надвор од границите на Македонија.
- Можеме да кажеме дека македонските производи имаат пласман во цела Европа. Македонија поседува голем волумен на роба и претставува голем потенцијал, но потребно е дополнително да се работи на технолошко развивање на производството. Исто така, потребно е да се дефинираат производите за кои што ја имаме компаративната предност, односно оние со кои што навистина ќе бидеме конкурентни на пазарот. Сето она што е конкурентно и со стандардизиран квалитет секогаш го пронаоѓа вистинскиот пат и истото реално може и да се продаде, вели Занова.
Откупно-дистрибутивниот центар на Агрофруктур Група почна со работа во октомври 2011 година. Се простира на површина од 8 илјади квадратни метри, со дневниот капацитет на откуп од 200 и 300 тони. Според проценките во него досега се инвестирани околу 20 милиони евра. Таму постојано се вработени 25 лица, но во текот на откупната сезона нивниот број досега изнесувал 100, велат од компанијата.
Ново на Сител
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
